spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените износи на...

МОН: Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените износи на ученички и студентски стипендии

Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/22 и за дел од 2022/23 година.

Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година.

Напоменуваме спогодбите ќе можат да ги потпишат само ние ученици, односно студенти кои доставија анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...