spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Кренар Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО...

МП: Министерот Кренар Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин. На средбата Лога беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија.

 

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор.

Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која  ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира  и да се регистрира.За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте