Работната група за имплементација на ЦАФ2020 формирана во рамки на ДКСК и раководството на ДКСК со експертска поддршка на РеСПА и КДЗ Австрија, на 25.04.2023 година, во Центарот за обуки на ДКСК, одржаа ЦАФ Работилница за план за подобрување.
Како резултат на извршената само-проценка од страна на ЦАФ групата за само-проценка, беа идентификувани силни страни, области и активности за подобрување.
Врз основа на приоритизација на активностите за подобрување, на работилницата се изработи акциски план за подобрување со утврдување на најважните активности за подобрување. Целите кои се постигнаа на работилницата се следните: постигнување согласност за приоритизираните активности за подобрување, утврдување на акциски план за подобрување со приоритизираните активности и дефинирање на следните чекори за интегрирање на планот за подобрување и негова реализација.