Во рамки на наставните активности по предметот техничко образование, тема: Сообраќај – Регулирање и безбедност во сообраќајот учениците од петто одделение од ООУ Кирил и Методиј Стојаково, заедно со наставничката Мими Карагошева Данаилова, остварија средба со Градоначалникот Блаже Шапов.
Учениците побараа помош од Градоначалникот да се реши проблемот со избледениот пешачки премин пред училиштето и беше договорено во петок, на часот по техничко образование учениците заедно со Градоначалникот да го обноват истиот, за што општината ќе ги обезбеди потребните материјали.
Извор: Општина Богданци