spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаДемир Капија: Зајакнување на општинските услуги преку нови технологии

Демир Капија: Зајакнување на општинските услуги преку нови технологии

Почитувани сограѓани,

 

Ве известуваме дека во рамки на проектот „Поблиску до граѓаните: зајакнување на општинските услуги преку нови технологии“, во вредност од 50.000,00 евра, ќе можете да почнете со користење на софтверот ЛОГЕС со кој електронски ќе можете да ги поднесувате своите барања за следните 15 услуги:

 

  • Иницијатива за поведување инспекциска постапка;
  • Барање за издавање извод од план;
  • Барање за добивање на одобрение за вршење на дејност и за поставување на урбана опрема;
  • Барање за издавање потврда за катастарска парцела (опфат на урбанистички план) пренамена на култура;
  • Дозвола за користење на јавно – прометни површини;
  • Барање за издавање решение за утврдување / измена на режим на сообраќај;
  • Барање за издавање одобрение за времена измена на режим на сообраќај;
  • Барање за издавање на потврда за усогласеност со Стратегија за ЛЕР на Општина Демир Капија;
  • Пријава за стипендија за талентирани ученици и студенти;
  • Барање за издавање потврда за точна адреса, промена на улица и број;
  • Систем за одлуки донесени од Совет на Општина Демир Капија (архива одлуки);
  • Пријави проблем;
  • Барање за добивање средства за новороденче;
  • Барање за добивање грант за невладини организации;
  • Барање за еднократна парична помош;

 

Искажуваме голема благодарност за поддршката и соработката на UNDP, Бирото за регионален развој, Министерството за локална самоуправа, Центарот за развој на Вардарски плански регион, како и на општините партнери во процесот – Велес, Градско, Росоман и Лозово.

 

Со реализирање на овој проект овозможени се стандардизирани работни процеси и успешна меѓусебна соработка на општините. Самата дигитализација не носи чекор понапред во модерниот свет каде на граѓаните им се олеснува целиот процес на добивање документи, истите ќе можат да ги следат нивните предмети оналјн, да бидат поинформирани и позадоволни од работата на Општина Демир Капија. Воедно, се придонесува и кон зголемена транспарентност во процесите на работа на општинската администрација.

 

Ви стоиме на располагање за евентуални прашања кои можете да ги поставувате на некоја од контакт формите на Општина Демир Капија или директно во просториите на општината.

 

Линк до апликацијата https://euslugi.opstinademirkapija.gov.mk/

За користење на услугите потребно е да се регистрирате на следниот линк https://euslugi.opstinademirkapija.gov.mk/Account/Register

 

 

Извор: Општина Демир Капија 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...