spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Целосно се вклучуваме во проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Радовиш: Целосно се вклучуваме во проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

12.05.2023 год. – Петок, ќе биде денот „Д“ за чист Радовиш.

Како дел од Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, општина Радовиш во соработка со општинските јавни претпријатија, јавните установи и институции, невладини организации и приватните компании ќе спроведе масовна акција за чистење на дивите депонии, речните корита, парковите и останатите зелени површини во градот и населените места.

Во соработка со организаторот МЕН ЕНД МАУНТЕН ДОО, досега беше спроведена урбана акција за сеење на дрва во градот и населените места, а главната акција ќе биде спроведена во деновите 12.05.2023 год. – Петок и 13.05.2023 год. Сабота.

Повеќе информации ќе следуваат во текот на наредните недели.

 

 

Извор: Општина Радовиш

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...