Остварување соработка помеѓу MИОА и СКСЗМ во заеднички иницијативи кои се од взаемен интерес и во корист на промоција на проекти во интерес на граѓаните.
Ова беше тема на денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г.Менди Ќура.
Се разговараше за најновите проекти и стратегии на Министерството и главниот приоритет, дигитализацијата на јавните услуги и подобрување на квалитетот на услуги за сите граѓани.
На оваа средба е упатена покана до претседателот на СКСЗМ да бидат дел од работните групи поврзани со ИТ технологијата и основањето на новата Агенција за дигитализација.
Дигитализацијата е решението за зголемување на потенцијалот за раст на нашата економија.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација