По повод одбележувањето на Денот на Министерството за надворешни работи и 70 годишнината од основањето на Тениска Федерација на Северна Македонија, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Тениската Федерација на Северна Македонија вчера се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир.
Спортско дипломатскиот настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на терените на ТК „Југ“-Скопје, со учество на дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни претставништва и претставници на меѓународни организации во земјата, како и на дипломати од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
По завршувањето на натпреварувачкиот дел од тенискиот турнир заменик министерката за надворешни работи на Северна Македонија, Фатмире Исаки ги додели наградите на победниците.