spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваОБСЕ и ЕУ имаат заеднички интереси и треба заедно да дејствуваат

ОБСЕ и ЕУ имаат заеднички интереси и треба заедно да дејствуваат

Постои цврста врска помеѓу ОБСЕ и Европската Унија. Сите земји-членки на ЕУ се и земји-учеснички на ОБСЕ, што создава поволен простор да работиме заедно во исполнувањето на нашите заеднички обврски.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на состанокот со шефовите на делегациите на земјите-членки на ЕУ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Османи ги претстави клучните приоритети и области во кои ОБСЕ и ЕУ можат да соработуваат – обезбедување мир во Европа преку ставање крај на војната во Украина преку употреба на механизмите и ресурсите што ги поседуваат, и ОБСЕ и Унијата, за одговор на сите безбедносни предизвици.

„Ја цениме поддршката, отвореноста и конструктивноста од земјите-членки на ЕУ за најактуелните прашања во врска со предизвиците и приоритетите на Претседателството. Во овој контекст, политички ќе ја продолжиме блиската соработка во рамките на ЕУ, но и на национално ниво ќе продолжиме да ги координираме нашите позиции со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, рече Османи.

Воедно, Османи пред шефовите на делегации на ЕУ ги претстави приоритетите на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ, како и прашањата од доменот на функционалноста на Организацијата.

„Северна Македонија обезбедува политичко раководство на ОБСЕ, стремејќи се да придонесе во клучните процеси за севкупната европска безбедност. Без разлика колку се вознемирувачки и обесхрабрувачки последните случувања на терен, ние ќе продолжиме упорно да работиме на дипломатско решение“, потенцираше Османи.

За повторно враќање на целосната функционалност на ОБСЕ, Османи побара поддршка и од ЕУ, при што истакна дека новите предизвици бараат зајакната соработка меѓу ОБСЕ и ЕУ.

Османи на состанокот информираше и за неговата неодамнешна посета на регионот на Јужен Кавказ во својство на Претседавач со ОБСЕ и за претстојните планови и зошто силна и обединета Организација е клучна за зачувување на стабилноста и обезбедување на одржлив мир во поширокиот регион на ОБСЕ.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска...

0
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2024 година. Корисниците...