spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: „Дијалози за Дигиталната Агенда“

МИОА: „Дијалози за Дигиталната Агенда“

Заменикот-министер Александар Бајдевски и државната секретарка Елена Манчева учествуваа со свое обраќање на онлајн-настанот „Дијалози за Дигиталната агенда“, организиран од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис.

На настанот се презентираше Извештај за тековната состојба и патоказот за унапредување на Дигиталната агенда во Република Северна Македонија.

Покрај заменикот-министер Бајдевски и државната секретарка Манчева, во дискусијата учествуваа и: Александар Ацев од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис,
д-р Ирена Бојаџиевска, доцент на универзитетот Американ колеџ во Скопје, д-р Наталија Шикова, декан на Правниот факултет на Меѓународниот Балкански Универзитет, Искра Белчева – Ристовска, од Центарот за управување со промени, како и Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025.

„Како Влада, свесни сме дека, во здрава демократија, дигиталната трансформација треба да биде повеќе насочена кон граѓаните, со цел да се поттикне довербата меѓу Владата и народот. Свесни сме дека нема ефикасна и ефективна администрација без поврзани институции, електронски услуги, електронски документи, безбедна размена на податоци меѓу институциите. Затоа, дигитализацијата и Дигиталната агенда се високо на листата на приоритети на оваа Влада. Процесот на дигитализацијата е една и од клучните компоненти во Планот за борба против корупцијата, како еден од механизмите за спречување на корупција. Јасно е дека со минимизирање или комплетно елиминирање на човечкиот фактор, се намалува и ризикот од корупција и обидите за посегнување кон коруптивни дејствија. Дигитализацијата доведува до намалување на бирократските процедури и подобрување на деловната клима во државата“ изјави заменикот-министер Бајдевски.

Заменикот-министер исто така ги дискутираше достигнувањата на ова поле во изминатиот период, и ја потенцираше важноста на овој проект во однос на увидувањето на потенцијалните недостатоци, области во кои е потребно подобрување, како и во давање јасна слика за реалните потреби на граѓаните и деловните субјекти.

Државната секретарка Манчева, пак, се осврна на важноста од соработката со невладиниот сектор при спроведувањето на Дигиталната агенда, го изрази своето задоволство од сè што е постигнато во изминатите две години, особено во отежнати услови предизвикани од корона-кризата и дискутираше аспекти во кои е нотиран напредок, како и аспекти во кои е потребно подобрување. Таа ги повика присутните да дадат коментари и забелешки на Националната долгорочна ИКТ стратегија која е објавена на ЕНЕР и која со своите мерки и активности предвидува имплементирање и на некои од препораките од овој Извештај.

„За граѓаните, многу е важно да ја добијат услугата, без оглед на тоа кој ја нуди. Како граѓани, не треба да не интересира кој ја обезбедува услугата, бидејќи плаќаме даноци и државата е должна да ги обезбеди тие услуги. Нашата цел е токму ова, „уривање на бариерите меѓу институциите“ во интерес на граѓаните и перцепција дека Владата, државата, е единствен давател на сите услуги.“ изјави Манчева.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...