Во Ѓорче Петров стартуваше едукативната кампања која телото за управување со ИПАРД ја имплементира во повеќе градови и села.
На наша територија постои интерес и потенцијал за искористување на можностите кои ги нудат мерките од ИПАРД-програмата на ЕУ чија цел е преку соодветни програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој да ја подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ.
За целосно да се реализираат идеите и проектите на заинтересираните граѓани, потребно е поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување. Ова е еден вид олеснување за отворање бизниси во делот на земјоделството и сточарството-сфери кај кои во Ѓорче Петров е забележан пад.
Општина Ѓорче Петров располага со 4.568 хектари обработлива површина. Сточарството како земјоделска гранка е развиена во руралниот дел од општината каде има регистрирани 7 живинарски фарми за кокошки, краварски фарми и овчарски фарми.
Сите заинтересирани страни може да се обратат во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и ресорното МЗШВ.
Извор: Општина Ѓорче Петров