Првиот повик за проектни идеи од програмата ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027 е објавен на 22.05.2023 година и ќе биде отворен до 22 јули 2023 година.
Право да аплицираат имаат општините, Центрите за развој на планските региони, јавни установи и институции, ММСП, невладини организации, како и академски, истражувачки и обучувачки правни субјекти. Сите проектни партнери треба да бидат регистрирани и да работат во програмската област најмалку 3 години пред апликацијата. Проектното партнерство треба да
се состои од најмалку еден партнер од секоја страна на пограничниот регион.
Вкупниот буџет на повикот е 8.143.233 евра.
Проектни идеи треба да придонесуваат за постигнување на Специфичната цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“ на територијалната стратегија.
Специфичната цел 1.2 се заснова на следните полиња на интервенција поврзани со туризмот:
– Мобилност и поврзување, вклучително и алтернативна мобилност;
– Брендирање и маркетинг на туристички производи во прекуграничниот регион;
– Вработливост во туристичкиот сектор, зајакнување на културно – природните локалитети и
врски туризам – животна средина;
– Акции за намалување на ранливоста на услугите во туристичкиот сектор.
Процесот на аплицирање – се одвива во Заедничкиот електронски систем за следење
(Jems – https://jems-bgmk.mrrb.bg/), каде што апликантите треба да се регистрираат и да
креираат нова проектна апликација. Апликантите го прикачуваат формуларот за апликација на
концептот, заедно со буџетската прогноза, писмо за заложба и план за развој на зрелоста на
проектот кон апликацијата Jems за нивната проектна идеја. Целосните предлози за проекти се
доставуваат по покана.
-Територијален фокус – целиот прекуграничен регион на Програмата ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА
Бугарија – Северна Македонија 2021-2027 година (области Благоевград и Ќустендил во Бугарија и североисточен, источен и југоисточен плански регион во Северна Македонија).
-Фокус на повикот – широк опсег на активности поврзани со развој на туризмот – мобилност
и поврзување, брендирање и маркетинг, вработливост во туристичкиот сектор, зајакнување на
врските помеѓу природните и културните локалитети, како и меѓу туризмот и животната средина.
– Финансиски аспекти – минимум 500.000 евра и максимум 1.000.000 евра за проектна идеја.
Интензитетот на грантот е 100%, меѓутоа одредбите de minimis се применуваат за сите
партнери во проектот. Инвестициската компонента (само изведување на работите, или изведување на работите и набавка) на проектната идеја, не треба да биде помала од 60% од вкупните прифатливи трошоци.
– Времетраење на проектот – максимум 24 месеци.
Целосниот пакет документи за аплицирање и информации, вклучувајќи го и Упатството за апликанти е достапен на следните веб страни:
За дополнителни информации, контакти во Заедничкиот секретаријат на програмата:
Главна канцеларија во Ќустендил: тел. +359 (0) 78 58 01 01;
Заеднички секретаријат во Струмица: тел. + 389 (0)34 330 331.