Тие му се заблагодарија за безрезервната поддршка која тој ја дава како човек и градоначалник, а и секако на Локалната самоуправа која преку реализираните проекти во областа на спортот значително ги подобри условите за младите и спортот во Кавадарци.
Во оваа прилика тој им честиташе за досегашните успеси, и им посака многу среќа во иднина бидејќи се сериозен кандидат за излез во Европа, да продолжат да се редат успеси бидејќи Кавадарци е спортски град, а клубот заслужува и сите настојувања ќе бидат и во иднина да се натпреварува во највисоката ракометна лига.
највисоката ракометна лига.
Извор: Општина Кавадарци