spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedГевгелија: Oбновена фасадата на ПУ- Прдејци, нов гумен под во Спортската сала...

Гевгелија: Oбновена фасадата на ПУ- Прдејци, нов гумен под во Спортската сала на ООУ „Р. Шуклев“- Негорци

              Нов изглед доби Подрачното училиште во Прдејци при
ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци по изведбата на молеро-фарбарските работи на надворешноста на зградата. Имено, со издвоени средства од Буџетот на училиштето, обновена е фасадата на училишната зграда. Пред обновувањето, во дворот на училиштето од северната страна се реализираа градежни работи за бетонирање и оградување.
             Директорката на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Жаклина Линкова, истакна дека следен зафат за подобрување на условите за реализирање настава e замена на стариот дотраен и амортизиран под во Спортската сала на училиштето:
             – Станува збор за поставување специјален гумен под, за што беше спроведена тендерска постапка. Деновиве, треба да уследи потпишување на договорот со изведувачот. Така што, со реализацијата на овој зафат значително ќе бидат олеснети условите за развивање на здравото тело и негување на спортскиот дух на учениците, во склоп на предметот Спорт и спортски активности.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...