HomeОпштиниСтрумица: Соопштение

Струмица: Соопштение

spot_img
spot_img

Општина Струмица имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП). Овој документ преставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАПот е од суштинско значење, поради што општина Струмица ја повикува целата јавност во изразување на своето мислење преку пополнување на анонимен анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина. Линкот до прашалникот може електронски да го пополните:
Кликнете на линкот

Прашалникот ќе биде активен во период од еден месец од денот на објавување на соопштението.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија