spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Градоначалникот Таравари го пречека градоначалникот на општина Липјане, Ахмети

Гостивар: Градоначалникот Таравари го пречека градоначалникот на општина Липјане, Ахмети

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет го прими градоначалникот на општина Липјане, Имри Ахмети.

На средбата се разговараше за проектите што се реализираат во двете општини, со посебен акцент на училиштата и општинската инфраструктура и беа споделени искуства.

Двајцата градоначалници разговараа и за образованието, културата и локалната економија и изразија подготвеност за соработка во овие сектори, со оглед на тоа што двете општини имаат приближен број жители.

Општина Гостивар традиционално продолжува и ќе продолжи со соработка со други општини во интерес на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...