Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, продолжувајќи ја воспоставената пракса на редовна комуникација со граѓаните одржа отворен ден, на кој имаа можност да присуствуваат над 50 граѓани, кои побараа средба со градоначалникот. На отворениот ден, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од областа на инфраструктурата, имотно – правните односи или други области кои се во надлежност на локалната самоуправа. Градоначалникот Коњановски во координација со раководителите на општинските одделенија или сектори, пристапи кон решавање на барањата на граѓаните кај проблемите каде што беше можно постапување веднаш, додека за одредени ситуации каде беше потребна консултација со други институции или дополнителна документација, беа дадени соодветни насоки. За дел од предлозите на отворениот ден, ќе биде разгледана можноста за нивна реализација, согласно годишните програми на општината.
Извор: Општина Битола