HomeМинистерстваМЗ: На ТОАРИЛУЦ првпат со асистенција на робот беше изведена операција...

МЗ: На ТОАРИЛУЦ првпат со асистенција на робот беше изведена операција на артроза на колено со дегенеративни промени

spot_img
spot_img

На ТОАРИЛУЦ првпат со асистенција на робот беше изведена операција на артроза на колено со дегенеративни промени.

-Посебно сум горд на целиот тим кој учествуваше во самата интервенција.Покрај хирурзите се користи асистенција од робот што придонесува во голем процент за успешноста на самата процедура и намалување на можните комплилации. Овој вид интервенција не само што се изведува првпат во ортопедијата,туку и воопшто во македонското здравство . Интервенцијата е дел од билатералната соработка на Клиниката за ортопедија и Ортопедската болница од Лариса,кажа министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски посочи дека секогаш е предизвик да се воведе нова метода во лекувањето на пациентите. -Бенефитот од ова ќе го имаат наштите пациенти и тоа е она што е најважно за нас. Мило ми е што последниве години ја издигнавме ортопедијата на едно повисоко ниво со воведувањето на сите овие новини во хирургијата и со вклучувањето во трансплантацијата . За мене како лекар и како директор ова е особено задоволство, изјави д-р Трајановски на денешната заедничка прес конференција по повод извршена интервенција со асистенција на робот која првпат се изведува во јавното здравство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија