spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Го одбележавме Светскиот ден на животната средина

Гази Баба: Го одбележавме Светскиот ден на животната средина

Во Домот на култура “Димитар Влахов” се одржа настан по повод доделување на наградите на учесниците на Еколошкиот конкурс “Денови на пролетта – Денови на екологијата” кој го објавивме на 21 Март – Денот на пролетта, а го завршуваме денес на Денот на животната средина.

Градоначалникот Бобан Стефковски ги поздрави присутните, а на наградените учесници им ги додели признанијата за освоените награди.

Во рамките на овој еколошки конкурс општината избра најеколошка компанија, невладина организација, најубав еколошки двор, најдобар состав и ликовно дело од дечињата од основните училишта и детските градинки.

Градоначалникот Стефковски истакна дека меѓу неговите приоритети се наоѓа и заштитата на животната средина, да ја проучуваме, да ја сакаме и да се грижиме за неа.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...