HomeОпштиниГрад Скопје: Градоначалничката на средба со Сенаторите на Чешкиот парламент

Град Скопје: Градоначалничката на средба со Сенаторите на Чешкиот парламент

spot_img
spot_img

Вчера Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска оствари средба со Сенаторите на Чешкиот парламент, Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и конзулот Давид Чернохорски со кои потврдија дека соработката со Градот Скопје која е интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на бројни квалитетни заеднички иницијативи и проекти.

 

Со Претседателот на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт на Чешкиот парламент, Мирослав Плевни, заменик претседателот на Комисијата за енергетика и транспорт Онджеј Фебер, претседателот на Поткомитетот за енергетика и транспорт, Михал Кортиш, членот на Комисијата за земјоделство, Ростислав Коштиал како и со Андреа Јонузова секретар на комисијата го потенцираа континуитетот на добрите пријателски билатерални односи меѓу Македонија и Чешка.

 

Оваа пријателска средба ќе придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка како и продолжување на меѓусебната размена на знаења и искуства во повеќе области при реализација на заедничките иницијативи.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија