spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Активно население во Република Северна Македонија во првото тримесечје од 2023...

ДЗС: Активно население во Република Северна Македонија во првото тримесечје од 2023 година

Во соопштението се прикажани резултатите од Анкетата за работна сила (АРС) во првото тримесечје од 2023 година.
Овие податоци не се споредливи со податоците од претходните тримесечја од другите години, бидејќи во 2023
година се имплементирани новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот за социјална
статистика и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 за областа на работната сила, при
што претходната Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.
Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, почнувајќи од промени во дизајнот на
прашалникот, промена во редоследот на прашањата, промени и отстранување постојни и додавање нови прашања,
промени во опфатот и дефиницијата за вработеност и невработеност.
Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци. Планирано е да се пресметаат
ревидирани серии на основните показатели за вработеноста и за невработеноста за периодот од првиот квартал од
2009 до четвртиот квартал од 2022 година за да се овозможи споредливост на податоците.
Подетални резултати од Анкетата за работната сила може да се најдат во базата Макстат на следниот линк:

Прочитајте

Велес: Фотоволтаични панели и за ООУ „Св. Кирил и Методиј“

0
Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација...