spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево

Аеродром: 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината вчера донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.

 
Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.
 
Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани.

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...