Александра е една од водечките членови на нашиот тим во контакт центарот. Таа работи во ИутеКредит веќе 5 години и има големи достигнувања со нас. Нејзиниот позитивен став секогаш носи извонредно искуство со клиентите и успешност во продажбата. Моментално Александра работи во тимот на After Sales и со својот труд и упорност многу придонесува за зголемена ефикасноста на контакт центарот. Многу сме среќни што те имаме во тимот. Ти благодариме и продолжи со одличната работа!
Во продолжение, следат неколку прашања кои и ги поставивме на нашата драга колешка.
Како започна твојата приказна во ИутеКредит?
Мојата приказна во компанијата започна пред точно пет години во Контакт центарот на Иуте Кредит, на позиција Советник за клиенти (корисничка поддршка). Грижата за корисниците е некако составен дел од мојата природа, односно во Иуте Кредит таа претставува не само оддел, туку и став на сите членови на тимот. Иако во моментот работам во продажба, токму таа посветеност кон секој корисник и потенцирање на неговата/нејзина индивидуа, ме прави и исклучително исполнета во она што го работам.
Која е твојата водечка сила во денот за исполнување на поставените таргети во работата?
Она што е мој најголем двигател низ секојдневието е лојалноста. Лојалноста што ја чувствувам кон компанијата и зададените обврски и одговорности, лојалноста кон тимот, како и лојалноста кон потребите на клиентите. Максимално се трудам да ја оправдам дадената доверба што е воедно и моја карактерна особина на која сум навистина горда.
Кое место во светот би сакала да го посетиш ова лето?
Летото ми е секогаш резервирано за семеен одмор, а оваа година тоа ќе биде Египет со сопругот и децата. Воедно, во исчекување сме и на патување низ прашумите на Борнео и егзотичниот “jungle trekking”, нешто што како вљубеници во адреналинот, мене и сопругот не прави навистина возбудени.
Извор: ИутеКредит Македонија