spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДиректорот на ЈП „Исар“ го остави половина Штип без вода на +40°C

Директорот на ЈП „Исар“ го остави половина Штип без вода на +40°C

 

Почитувани сограѓани,

Заканите на директорот на ЈП Исар, како да се претворија во реалност.

На 40 степени целзиусови, половина град остана без вода повеќе од 24 часа.

Врв на неспособноста е што од страна на локалното раководство, граѓаните се обвинети дека дефектот настанал поради големата потрошувачка на вода.

Како за прв пат на вакви огромни горештини да се троши вода.

И наместо директорот да троши енергија на пишување статуси со закани за рестрикции на вода, редно време е да се позанимава со зајакнување и подобрување на водоводната мрежа.

Наместо директорот да објавува видеа на социјалните мрежи и да се оправдува на настанатите дефекти, редно време е ЈП Исар да обезбеди квалитетна услуга.

Наместо СДСМ во изминативе 4 години да ги реализираа сите ветени проекти, поврзани со водоснабдување на градот, за сметка на садењето на цвеќиња, тие ги оставија штипјани жедни, поради бројните исклучувања на водат од нивните чешми.

Очигледно е дека во ова јавно претпријатие владее неспособност на менаџерско ниво, кое треба веднаш да си даде оставка, затоа што во овој летен период и време на пандемија, ги остави штипјани без вода.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...