Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.
Висината на поддршкатa изнесува 3,5 денари/литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари/литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
,,По добивање на списоците од преработувачките капацитети и административната обработка на истите, Агенцијата денес ја изврши исплатата за произведеното и предаденото млеко за период од Јануари – Април 2022 година. Во следниот период продолжуваме со обработка на барањата за финансиска поддршка во земјоделството за растително и сточарско производство” – информира директорот Бачовски
Дополнително ги потсетуваме сите земјоделски стопанства дека аплицирањето за директните плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година е во тек и трае до 30 јуни. Корисниците може да се пријават со своите барања електронските преку порталот е-субвенции или да ги искористат услугите на операторите од подрачните единици при МЗШВ.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој