HomeОпштиниЃорче Петров: Проект на УСАИД во соработка со ОЃП за зајакнување на...

Ѓорче Петров: Проект на УСАИД во соработка со ОЃП за зајакнување на капацитетите на општината

spot_img
spot_img

Прва средба во Општина Ѓорче Петров по повод проектот на УСАИД  за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, проект што на долг рок ќе ни помогне да ги детектираме нашите слабости и навремено да реагираме во секој сегмент во работата на општинската администрација.

По потпишаниот Меморандум со УСАИД, ова е втор чекор кон подобрување на состојбите во планирање и собирање локални даноци, зголемување на капацитетите за пристап до надворешни извори на финансирање, подобрување во однос на управување со јавни финансии во согласност со позитивната законска регулатива и зајакнување на процесот на децентрализација.

Целта на денешната средба беше детална анализа на капацитетите на општината преку алатка за самооценување на општинското финансирање и процесите поврзани со нивно управување.

По целосното времетраење на проектот од 18 месеци, односно скенирање на состојбите,  се очекува општината да доби поддршка од УСАИД во делот каде ќе бидат детектирани слабости.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија