spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Домаќин на Европско првенство во одбојка

Град Скопје: Домаќин на Европско првенство во одбојка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, потпишаа меморандум за соработка за организација на натпревари во групата  „Ц“  на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи) во Скопје.

Скопје од 30-ти август до 6-ти септември е домаќин на група „Ц“ на Европското првенство во одбојка за мажи за 2023 година, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација.

Со овој меморандум се воспоставува соработка меѓу Град Скопје, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Одбојкарската федерација на Македонија, со цел ефикасна координација и техничко-логистичка поддршка за успешна заедничка организација на ова меѓународно спортско првенство.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...