Општина Ѓорче Петров стартуваше со градежни активности на новата пречистителна станица и колекторот во с. Орман. Се работи на поставување нови цевки кои што ќе бидат поврзани со колекторот.
Поради градежните активности кои што се одвиваат на улицата којашто е веднаш паралелно со пругата, улицата која што води од с. Орман до с. Волково ќе биде привремено затворена, односно надвор од употреба. Жителите нека го избегнуваат овој дел од населеното место и нека патуваат преку другите улици кои водат кон с. Волково, се со цел да не се створи метеж на оваа локација.
Колекторот е проектиран да биде во должина од 633 метри ќе ги прифаќа отпадните води од фекалната канализациона мрежа во Орман и ќе ги спроведува до станица за третман на отпадни води со големина од 1.200 еквивалент жители. Средствата ги обезбедува Европска Унија, преку Програмата за прекугранична соработка Македонија-Косово и Министерство за локална самоуправа, а кофинансира и општина Ѓорче Петров.
Со овој значаен проект, но и со изградбата на новата канализациона мрежа во овој дел на Ѓорче Петров, решаваме долгогодишен проблем на тамошните жители, но и конечно го урбанизираме селото Орман како што граѓаните заслужуваат.
Извор: Општина Ѓорче Петров