Даночното одделение ги известува даночните обврзници кои имаат имот на територијата на општина Македонски Брод, а го немаат подмирено данокот на имот заклучно со 2022 година, дека ќе започне со присилна наплата со забрана на трансакциски сметки во банка.
За да ги избегнете дополнителните трошоци за блокирање на сметка, Ве замолуваме благовремено да ги подмирите Вашите даночни обврски! За сите информации во врска со вашите уплати Ви стоиме на располагање секој работен ден од 7.30 до 15.30 или на тел. 075922901.
Леток за данок на имот на следниот ЛИНК.
Извор: Општина Македонски Брод






























