– 60.000 ДЕНАРИ ЗА НАЈДОБРОТО ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ –
Во рамките на проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“,поддржан од страна наОпштина Македонска Каменица и Фондација САСА, а имплементиран од Prime Point Partners Македонија, Oпштина Македонска Каменица распишува јавен конкурс за избор на најдоброто идејно решение за лого и слоган запроектот „Одржлив економски развој на Македонска Каменица”
Ова е одлична можност за сите креативци да го покажат својот талент и да придонесат кон креирање на визуелниот идентитет на нашата живописна општина и нејзиниот одржлив развој.
Цел: Целта на овој натпревар е да се креира визуелно привлечно лого и слоган кои ќе ги отсликуваат суштината и вредностите на Македонска Каменица, какои нејзиниот развој. Логото и слоганот ќе се користат во сите комуникациски медиуми вклучувајќи ги и официјалните документи, промотивни материјали, веб-страници и социјални медиумиисклучиво за потребите на проектот.
Насоки за натпреварот:
- Дизајн за лого:
- Логото треба да биде единствено, оригинално и лесно препознатливо.
- Треба да ја одразува историјата, природните убавини, културата и уникатноста на Македонска Каменица
- Треба да содржи елементи кои ќе соодејствуваат со стратешките определби за локален економски развој на Македонска Каменица (линк до листа на стратешки определби, стратегија за локален економски развој)
- Логото мора да одговара и за дигитална и печатена комуникација.
- Креирање на слоган:
- Слоганот треба да биде краток, лесен за паметење и да го одразува идентитетот на општината.
- Треба да предизвика чувство на гордост, единство и напредок/развој.
- Треба да се земат во предвид клучните карактеристики и вредности на општина Македонска Каменица.
Заедно со идејното решение потребно е да се приложи и текст со кој ќе биде објаснет концептот за дизајнот на логото и предлог слоганот.
Наградениот автор ќе треба да изработи комплет бренд книга со изработени шаблони/пакет алатки со креативни графички решенија кои ќе се користат во дигитална и печатена комуникација.
Критериуми за подобност:
Право на учество на конкурсот имаат физички и правни лица од сите возрасти кои живеат на територија на Република Македонија. Се охрабруваат да учествуваат професионални дизајнери како и ученици, студенти и жители кои имаат желба за дизајн и креативност.Еден автор може да понуди повеќе идејни решенија.
Упатства за поднесување:
Предлозите да бидат доставени на електронска пошта до:proektmkamenica@gmail.com
со назнака:За Конкурс за избор на идејно решение за лого и слоган за општина Македонска Каменица
- Предлог дизајните за логотреба да се достават во висока резолуција во JPEG или PNG формат;
- Логото да биде изработено и во векторски формат во: EPS, CDR (Corel Draw) и/или Al (Adobe iliustrator) фајл формат (квалитет 1500 * 1500 пиксели)
- Доставете ваше полно име, контакт информации и краток опис на концепт дизајноти слоганот во е-поштата.
- Крајниот рок за поднесување е 19.07.2023 – до крајот на денот, а доцните пријави нема да бидат прифатени.
Критериуми за оценување:
Kомисијата за распишување на конкурсот во соработка со тимот за имплементација на проектот е одговорна за спроведување на конкурсот и оцена на предлозите според следните критериуми:
- Креативност и оригиналност
- Релевантност за Македонска Каменица и нејзините стратешки определби за одржлив развој
- Визуелна привлечност и естетика
- Лесен за паметење и влијателен слоган
Награда:
Наградниот фонд за најдоброто идејно решение изнесува 60.000,00 денари.
Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на општина Македонска Каменица за награденото решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.Првонаградениот автор ќе треба да изработи бренд книга/насоки за видливост во рок од 3 (три) неделипо потпишување на договорот која ќе содржишаблони/пакет алатки со креативни графички решенија кои ќе се користат за публикации (брошури, летоци, билтени, меморандуми), банери, социјални медиуми, веб страница, промотивни материјали ( нотеси, пенкала, итн.) наменети за потребите на проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“, вклучувајќи:
- Бои на брендот
- Типографија
- Слики/илустрации
До завршување на проектот логото и слоганот ќе се користат само за целите на истиот, а по негово завршување логото и слоганот остануваат сопственост на Општина Македонска Каменица.
Известување:
По завршувањето на Конкурсот, избраниот автор писмено ќе се извести и истиот ќе се обврзе во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави изјава заверена на Нотар за гаранција за оригиналност на идејното решение.Најдоброто идејно решение ќе биде објавено на веб-страницата на општината. Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените предлози.
Со нетрпение очекуваме да ги добиеме вашите иновативни дизајни за лого и слогани кои ќе го обликуваат бренд идентитетот на општина Македонска Каменица, поврзан со нејзиниот одржлив економски развој.
За прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте со Мартин Анастасовски,proektmkamenica@gmail.com, тел.број 070298144.
Материјали
Дополнителни материјали кои можете да ги користите за изработка на лого/слоган се следните:
Сите заинтересирани апликанти, може да присуствуваат и на работилницата која ќе се одржи во КИЦ Романса, Македонска Каменица на 11.07.2023, во 10.30 часот со цел добивање на повеќе информации за стратешките развојни определби и бренд обележја за Македонска Каменица.
Извор: Општина Македонска Каменица