spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Пет медали за македонските атлети на Светската специјална олимпијада во Берлин

АМС: Пет медали за македонските атлети на Светската специјална олимпијада во Берлин

Aтлетите од македонската Специјална олимпијада што учествуваше на Светските специјални олимписки игри (Special Olympics World Games освоија пет медали.

Тоа беше причина за прием во Агенцијата за млади и спорт и доделување на плакети за сите македонски атлети, учесници на Олимпијадата во Берлин.В

Второ место и сребрен медал освои и нашиот атлет Стефан Трпковски во пливачката категорија “100 метри грбно“.

-Не направивте горди и Агенцијата за млади и спорт ќе остане секогаш тука за сите потребни услови за припреми и настап на меѓународни натпревари, истакна директорот на АМС, Наумче Мојсовски.

Тој се заблагодари на сите атлети за позитивната енергија, посветеноста и присутноста на патриотизмот кај сите атлети, но и кај стручниот тим составен од Моника Бошковска-претседател, Драган Караџовски-национален директор, Дарко Крстиќ-спортски директор, почесниот претседател Љупчо Петровски и сите тренери и помошници.

Од македонските репрезентативци, златен медал доби Агрон Хајредини, атлетика, во категорија „Скок во далечина од место“, а во истита дисциплина Јулијана Петровска, го освои сребрениот медал, кој имаше посебен сјај од причина што истиот беше прв освоен медал на   Специјалната олимпијада во Берлин.

Бронзени медали добија Марио Мицковски, пливање, категорија „100 метри слободен стил“ и Јане Никодиновски, бадминтон.

-Докажавме дека можеме да се носиме и со најголемите светски сили, да победуваме и да освојуваме медали на светска сцена. Задоволни сме дека достојно ја презентиравме македонската држава, а горди дека дури 5 пати нашето државно знаме се вееше на пиедесталот во Берлин – успех кој не се случува ниту секој ден, ниту во некоја друга натпреварувачка категорија“, истакна Моника Бошкоска, претседателката на Специјална Олимпијада.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...