HomeОпштиниАеродром: Повик за граѓаните за учество во изработката на новиот Локален еколошки...

Аеродром: Повик за граѓаните за учество во изработката на новиот Локален еколошки акциски план (ЛЕАП)

spot_img
spot_img

Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) за 2024 – 2030 година и на тој начин да учествуваат во мапирање на приоритетните еколошки проблеми. Тие може да го дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк:  https://bit.ly/3O5XXK7.

Постапката за изработка на нов ЛЕАП Општина Аеродром ја почна имајќи ги предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните. Овој документ преставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Вклучувањето на јавноста во изработката на овој стратешки документ е од суштинско значење. Очекуваме јавноста да го изрази своето мислење преку пополнување на анонимниот анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина во Општина Аеродром што може да се најде на линкот погоре. Прашалникот ќе биде активен во период од еден месец од денот на објавување на ова соопштение.

Исто така, ги охрабруваме граѓаните, кои сакаат активно да учествуваат со свој придонес во некоја од работните групи за изработка на новиот ЛЕАП, да се пријават и да ги остават своите податоци во Општина Аеродром.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија