spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Инфраструктурните проекти што ги реализираме во Аеродром се инвестиции од кои...

Аеродром: Инфраструктурните проекти што ги реализираме во Аеродром се инвестиции од кои бенефит ќе имаат и идните генерации

Жешките летни денови Општина Аеродром ги користи за инвестициите во инфраструктурата кои во текот на јули продолжуваат со несмалена динамика.

Реализираме проекти кои го олеснуваат движењето и ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот во Аеродром. Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населба Лисиче сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста на населбата. Реконструкцијата на „Мите Богоевски“ опфаќа поставување на нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот Муцунски објавувајќи го видеото на својата Фејсбук страна потенцираше дека посебно се радува за инфраструктурните инвестиции и на нивната реализација вработените во Општина Аеродром секогаш пристапуваат со многу енергија затоа што тоа се инвестиции кои значат многу за граѓаните, но и проекти од кои бенефит ќе имаат и идните генерации.

Новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус.

Линк до видеото: https://www.facebook.com/TimcoMucunski/videos/721054723366157/

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...