HomeОпштиниКисела Вода: ‘’Топлотен бран 2023’’ за заштита од високите температури

Кисела Вода: ‘’Топлотен бран 2023’’ за заштита од високите температури

spot_img
spot_img

Општина Кисела Вода во соработка со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започна со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’.

Во насока на заштита и превенција на здравјето на граѓаните, од вчера кога поради високите температури земјава влезе во ‘’портокалова фаза’’, локалната самоуправа заедно со Црвениот Крст излегоа со заеднички мерки.

Вчера во населбите 11-ти Октомври-згради и Цветан Димов, а денес и во населбта Драчево и Пинтија,  мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице, претставници од месните заедици низ општината, волонтери на Црвен Крст, на граѓаните им делат шишиња со вода, а добиват и препораки како да се заштитат од високите температури.

Проектот продолжува и во наредните денови во сите поголемите паркови, на фреквентни локации, на пазарите, на автобуските постојки, низ сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.

Како локална самоуправа апелираме до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте