HomeМинистерстваМОН: Со израелска помош ќе се јакне сајбер безбедноста

МОН: Со израелска помош ќе се јакне сајбер безбедноста

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука ќе добие помош од Израел за интензивирање на процесите на дигитализација и подобрување на сајбер безбедноста. За ова на  средбата разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Израел Симона Франкел. На средбата присуствуваше и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скендер Асани.

Министерот Шаќири нагласи дека во услови на се почести и се пософистицирани сајбер закани исклучително е важно образованието да биде безбедна, отпорна и доверлива дигитална средина и затоа е многу значајна најавената помош од Израел, што ќе придонесе за заштита на училиштата, учениците и нивните податоци.

Министерот Шаќири и амбасадорката Франкел разменија мислења и за отворање мултимедијален центар за сеќавањето на настраданите во Холокаустот. Министерот доби покана за посета на Израел во текот на месец октомври, за подетално договарање и прецизирање на помошта, за што ќе се реализираат средби со повеќе надлежни институции и водечки компании од областа на дигатилизацијата и сајбер безбедноста.

За координација, планирање и реализација на активности се очекува министерствата кои го покриваат ресорот образование во двете земји да потпишат меморандум за соработка.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија