Почитувани
Министерот Лога не може да ја сфати нервозата и вокабуларот искористен во реакцијата на почитуваниот Уставен суд. На новинарско прашање одговори дека УВМК има побарано мислење и од Уставен суд и од други институции, како и од делот на експертите.
Како што е пренесено до министерот, со Уставен суд комуникацијата е реализирана на неформален начин (заради тоа што до вчера актот на Уставен суд не беше објавен во Службен весник) и токму поради ова, добро е Уставниот суд да не брза со кфалификации ,туку да ги прашува своите колеги.
Од друга страна,со цел да се почитува законот и Уставот, директорот од УВМК има побарено писмено мислење од Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство.
Длабоко веруваме дека нашите 10+10 иницјативи не се причина за нервозата изразена кон нас.На почитуваниот Уставен суд му посакуваме успеси во нивна понатамошна работа.
Извор: Министерство за правда