spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Делегација во посета на општина Ѓаково

Богданци: Делегација во посета на општина Ѓаково

Делегација од општина Богданци предводена од градоначалникот Г-ин Блаже Шапов ја посети општина Ѓаково, Република Хрватска, на покана од градоначалникот Марин Мандариќ. Повод за поканата беа традиционалните 57- ми Ѓаковачки везови, кои  во петокот (07.07.2023 год.) свечено беа отворени пред Штросмајеровата катедрала во Ѓаково.

Од посебна важност е што оваа година Република Северна Македонија е земја партнер на манифестацијата.

Во рамки на посетата, делегацијата покрај присуството на свеченото отварање оствари и :

На изложбениот дел од манифестацијата учество земаа неколку компании од општина Богданци и соседните општини преставувајќи се со традиционални локални производи.

На работниот состанок градоначалникот Г-ин Блаже Шапов и градоначалникот Марин Мандариќ ги договорија следните чекори  кон воспоставување на соработка помеѓу општина Богданци и општина Ѓаково кои активности ќе продолжат на есен на возвратната посета од општина Ѓаково.

 

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

Прочитајте

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга,...

0
„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се...