HomeОпштиниАеродром: Позелена и урбана општина со нови инфраструктурни проекти на десетина локации

Аеродром: Позелена и урбана општина со нови инфраструктурни проекти на десетина локации

spot_img
spot_img

Во рамки на иницијативата за подобрување на условите за живеење и нашите заложби за градење функционална и модерна општина, на почетокот на оваа сезона започнавме амбициозен инфраструктурен проект за реконструкција на десетина улици на неколку локации во Аеродром.

На барање на граѓаните кои живеат во населбата Горно Лисиче, веќе привршува реконструкцијата на еден дел од улицата „Лисец“, што опфаќа промена и вградување на тампонски материјал и поставување нов асфалтен слој. Проектот се реализира и во целост е финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром.

Инфраструктурните активности ова лето првенствено се насочени кон реконструкција на постојни и изградба на нови улици, изведба на нови паркови, спортски комплекси и плоштади на повеќе локации во Аеродром. Со завршување на овие проекти сериозно ќе ја подобриме инфраструктурната во општината и ќе го унапредиме локалното и урбано живеење за граѓаните на Аеродром.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Младите треба да добијат вистинска шанса за прво...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, кој се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство...