spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Петровска оствари средба со раководството на битолските пензионери

Битола: Петровска оствари средба со раководството на битолските пензионери

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска оствари средба со раководството на Сојузот на пензионери Битола, претседателката Даница Петличкова и претседателот на Собранието Крсте Велевски.

На средбата беа прецизирани натамошните чекори на соработка, во насока на подобрување на условите за нивните членови. Наскоро, со финансиска поддршка од Општина Битола, пензионерите ќе добијат катчиња во рамките на просториите на четири урбани заедници, каде што ќе можат да се дружат и да го исполнуваат слободното време со различни активности.

Градоначалничката Петровска истакна дека Општина Битола и натаму преку годишните  програми за работа ќе да јава поддршката за пензионерите, во различни форми.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...