spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алиу - МИОА е силен бранител на слободата на медиумите- денеска...

МИОА: Алиу – МИОА е силен бранител на слободата на медиумите- денеска се одржа уште една Јавна расправа

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организираше уште една Јавна расправа на која се расправаше за Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Средбата се одржа ден по гласањето во Собранието на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој Република Северна Македонија ги исполни условите утврдени во Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година. но и значително ја зајакна правната рамка во областа на медиумите.

На оваа средба со претставниците на медиумите, министерот Азир Алиу истакна дека слободата на медиумите е приоритет на МИОА:

„МИОА е силен бранител на слободата на медиумите и затоа е важно заеднички да се решат некои од прашањата кои се одолговлекуваа со години и беа причина за негативни оценки од страна на Меѓународните Организации и Европската Комисија.

Слободата на медиумите е едно од основните права во секоја демократска земја како и земјите кандидати за ЕУ, а законот за медиуми ќе биде одобрен според препораките на Европската Комисија“, изјави Алиу.

Министерството за информатичко општество и администрација отсекогаш било посветено и одлучно се залага за  спроведување на процесите на транспарентен и конструктивен начин, со вклученост на засегнатите страни. 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...