Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет ги прими македонските ѕвезди Панчо и Андреј од дуото ,,ДНК”, кои ќе настапат по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден ,,Илинден 2-ри Август”.
На средбата беа договорени деталите за манифестацијата која ќе се одржи на 27.07.2023 (четврток) во комплексот на Домот на култура ,,Илинден”.
Покрај настапот на популарните ДНК, манифестацијата ќе биде збогатена со богата културно уметничка програма.
Извор: Општина Илинден