HomeОпштиниГрад Скопје: Делегација на Градот Скопје положи цвеќе во чест на загинатите...

Град Скопје: Делегација на Градот Скопје положи цвеќе во чест на загинатите од земјотресот

spot_img
spot_img

Делегација на Град Скопје, предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, положи цвеќе во чест на загинатите пред споменикот подигнат во сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес, што на денешен ден пред 60 години го погоди градот Скопје и е една од најголемите катастрофи во неговата понова историја.

Овој ден засекогаш ќе биде врежан во колективната меморија на скопјани, на овој ден тие се  сеќаваат на жртвите, но и искажуваат благодарност на сите оние што учествувале во спасувањето на животи од под урнатините.

Скопје никогаш нема да ја заборави хуманоста која ја покажа светот и на овој ден изразува благодарност кон сите оние народи и држави кои помогнале градот повторно да се изгради. Скопје памети, а скопјани се благодарни на помошта, хуманоста и солидарноста. Никогаш нашиот град нема да ја заборави подадената рака, секогаш ќе биде поддршка и ќе пружи помош кога таа ќе биде некому потребна.

 

 

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија