spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Средба со амбасадорот на Франција, Бомгартнер

Охрид: Средба со амбасадорот на Франција, Бомгартнер

Градоначалникот Кирил Пецаков  оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз.  Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник  д-р Анастас Коцарев.

Амбасадорот и градоначалникот разговараа и за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, со посебен акцент на проектите за заштита и зачувување на животната средина, Охридското Езеро и исполнување на препораките на УНЕСКО. Исто така, се разговараше и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид.

Двајцата соговорници ја потенцираа и важноста на континуираната поддршката од страна Француската амбасада за фестивалот Охридско Лето. Во рамки на овогодинешната програма на 3. август во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи Француска вечер на која ќе настапат врвните француски пијанисти Ан Дезомбре и Уго Леклер.

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...