Општина Ѓорче Петров целосно го реконструираше игралиштето за баскет во ООУ „Мирче Ацев“ во истоимената урбана заедница.
Игралиштето кое беше целосно дотраено и видно оштетено е реконструирано и со нова тартан подлога, која е идеална за спортска намена од ваков тип.
Во оваа прилика, апелираме да се сочува новата урбана опрема со цел што подолго ова игралиште да биде на располагање на жителите на Ѓорче Петров.
Општината во континуитет вложува во реконструкција на спортските терени и во овозможување соодветни услови за професионалците, но и за рекреативците. Наш најголем императив останува вложувањето во развојот на младите и спортот во Ѓорче Петров.
Извор: Општина Ѓорче Петров