spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Вонредни теренски еколошки патроли

Гази Баба: Вонредни теренски еколошки патроли

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со вработените од Секторот за инспекциски работи во Општина Гази Баба и претставници на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба започнаа со вонредни теренски еколошки патроли.
Реакциите на граѓаните за загадување на амбиенталниот воздух како последица од недозволени дејствија на поединци се оправдани.
Поради тоа на утринскиот колегиум е заклучено:
– Секторот за инспекциски работи почнувајќи од денес па во следниот период е задолжен да спроведува теренски контроли секој ден во две смени.
– Испратено е писмено барање до Град Скопје под чија директна надлежност е дивата депонија Вардариште за постапување на градските инспекциски служби во санкционирање на лицата кои вршат спалување на разни видови отпад.
Градот Скопје потребно е итно да превземе чекори за конечно решавање на проблемот со депонијата Вардариште, а до тој момент неопходно е нејзино физичко затварање, преку затварање на сите пристапни патишта , 24 часовна контрола од МВР и инспекцијата на Град Скопје.
Утврдени се неколку критични точки на кои несовесните граѓани го вршат спалувањето и на истите ќе има редовна контрола.
Општината во соработка со надлежни институции ќе го санкционира секој сторител на вакво или слично дело со кое го загрозува животот и здравјето на граѓаните!

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....