Комуналните дејности во Општина Гази Баба се вршат преку јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, заради организирање и квалитетно вршење на комуналните дејности од локален карактер.
Екипите на ЈКП Гази Баба се постојано на терен на нашата територија, во сите населени места и се грижат да бидат навремени во овозможувањето на комуналните услуги за задоволување на потребите на нашите граѓани, за кои ние како единица на локалната самоуправа обезбедуваме услови за соодветен квалитет, достапност, и обем и нивно правилно спроведување.
Во текот на изминатата недела се одвиваа повеќе тековни активности на ЈКП Гази Баба, како:
Уредување и одржување на зелената површина во реоните на :
н. м. Јурумлери, н. м. Колонија, н. Хиподром, н. м Трубарево (Пуста Кула), н. Триангла (Парк – Шарлота), О. О. У,, Вера Јоциќ”, а екипите работеа и на кратење на широките крошни на дрвја на ул. Трајко Китенчев во н. Ченто.
Се врши и тековно чистење на улиците на повеќе локации и се обележуваа постоечките пешачки премини во н. Железара.
Расчистување на диви депонии во:
м. в. Караорман, н. Триангла, н. Ченто (Тинекс), н. Хиподром (стара последна 50 ка), но се изврши и:
Расчистување на подземни контејнери во н. Ченто (последна 45 ка)
Чистење на канализациски шахти и пумпи, и продолжуваат тековно и временски по потреба со нивното чистење.
ЈКП ГАЗИ БАБА 2007 успешно се справи на терен, со приоритет на последиците од силното невреме кое ја погоди општината, а ќе продолжат и периодот пред нас со активности за побрзо санирање на штетите од невремето, во рамките на надлежностите на претпријатието.
Организираните екипи имаа голем број на интервенции, на повеќе од 47 локации на паднати или оштетени дрвја низ општина Гази Баба, како и на 15 тина локации со оштетена или прекината инсталација за улично осветлување.
Овој период ЈКП ГАЗИ БАБА 2007 започнаа со потпишување на договори за водоснабдување со жителите на с.Раштак
ЈКП Гази Баба изврши санација на филтерот за вода во с.Раштак, ги поврза двата резероара за вода во еден систем и двете бушотини за вода со водоводниот систем, дополнително ќе се обезбеди автоматизирано управување на целокупниот водоводен систем ( резервоари и извори) со што ќе се минимизира улогата на човечкиот фактор во работата на истиот.
Општина Гази Баба со иницијативите на градоначалникот Бобан Стефковски работи на воспоставување на ред и рационално користење на водните ресурси, се со цел поквалитетен живот на жителите на Раштак.
ГАЗИ БАБА 2007 е претпријатие на Општина Гази Баба кое стана вистински сервис на граѓаните.
Извор: Општина Гази Баба