spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Успешно завршен состанок на работната група за изработка на Акциски план...

АМС: Успешно завршен состанок на работната група за изработка на Акциски план 2023 – 2025 за реализација на НСМ 2023 – 2027

Успешно завршен состанок на работната група за изработка на Акциски план 2023 – 2025 за реализација на НСМ 2023 – 2027

Успешно заврши тродневниот состанок на работната група, вклучена во процесот на изработка на Акциски план за периодот 2023 – 2025, за реализација на Националта Стратегија за млади 2023 – 2027 година. Состанокот се одржа во град Струмица, од 24-ти до 26-ти јули, 2023 година.

Младите, институциите и здруженијата од Регистарот на Агенцијата за млади и спорт, како и учесниците во работните групи од процесот на изработка на националната стратегија, се активно вклучени во процесот, кој ќе допринесе за ефикасната имплементација на осумте клучни области во стратегијата:

✅ Младинско учество

✅ Младинско информирање

✅ Младинска работа

✅ Образование

✅ Култура

✅ Здравје

✅ Претприемништво и поддршка пред вработување

✅ Безбедност (против насилство).

Целта на овој акциски план, кој е дел од Националната стратегија за млади 2023 – 2027, е да дефинира приоритетни мерки и активности кои ќе се спроведат во периодот од 2023 до 2025 година. Овие мерки и активности ќе бидат насочени кон справување со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите луѓе во Република Северна Македонија.

Улогата на акциски план 2023 – 2025 е да се создаде подобра и инклузивна околина за младите во државата, каде што тие ќе можат да развиваат своите потенцијали и таленти, да имаат достапно образование и можности за напредок во своите кариери, како и да им се обезбедат услови за безбеден и квалитетен живот, без притисоци и насилство. Спроведувањето на овој акциски план ќе биде од суштинско значење за поддршка на младите.

 

Следниот чекор е успешната имплементација на дефинираните активности и мерки, и ние сме подготвени да работиме заедно за остварување на засетите цели за подобра перспектива за младите во Република Северна Македонија.

 

Процесот на креирање на Акциски план за периодот 2023 – 2025, за реализација на “Националната стратегија за млади 2023 – 2027”, е организиран од Агенцијата за млади и спорт, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Ско пје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Оваа активност се спроведува во рамки на проектот “Млади за инклузија, еднаквост и доверба”, кој е финансиран од страна на United Nations Peacebuilding.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...