spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДКСК: Состанок со експертскиот тим од Европската унија за спроведување оценска...

ДКСК: Состанок со експертскиот тим од Европската унија за спроведување оценска мисија на Судскиот совет

Државната комисија за спречување на корупцијата одржа работен состанок со експертскиот тим делегиран од  Европската унија за спроведување оценска мисија на Судскиот совет на Република Северна Македонија, предводен од правниот експерт од Република Хрватска, Бранко Хрватин.

Состанокот се одржа во просториите на ДКСК , на иницијатива на Експертскиот тим, а со цел запознавање со мандатот на оценската мисија како и со ставовите на ДКСК во врска со последните случувања во Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Експертскиот тим е во работна посета на Република Северна Македонија со цел да направи воведни подготовки за претстојната оценска мисија на ЕУ што ќе се реализира во септември  и која ќе ја испитува институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи мерки за подобрување на состојбите.

Од страна на претседателката и членовите на ДКСК беше изнесен ставот дека со последните случувања е нарушен кредибилитетот и довербата во Судскиот совет како еден од столбовите на правосудната власт во Република Северна Македонија. Претседателката Билјана Ивановска нагласи дека е неопходно преземање на системски мерки за подобрување на состојбите. Во таа насока таа напомена дека се предвидени активности во Националната стратегија за спечување на корупцијата и судирот на интереси чие спроведување е неопходно за надминување на проблемите детектирани во областа на правосудството.

Експертскиот тим покажа интерес и накусо беше запознаен со предметите по кои постапувала ДКСК во врска со работењето на Судскиот совет како и со иницијативите доставени од страна на ДКСК на надлежно постапување на Судскиот совет.

Гостите беа информирани и за статусот и законските надлежности на ДКСК како и за нејзините тековни и планирани активности со посебен осврт на новото софтверското решение со чие ставање во функција ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста во спроведување на законските надлежности на ДКСК.

На крајот,  беше искажано обострано задоволството од средбата како и подготвеност за натамошна соработка во текот на реализацијата на оценската мисија.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Чашка: Детска трка „Растеме заедно 2024“

0
Атлетскиот клуб „Велес“ во соработка со општина Чашка и трите основни училишта на фудбалското игралиште во Чашка ја организираше првата детска трка „Растеме заедно...