Љуботенски пат добива нова пешачка патека во должина од 800 метри и со ширина 2,25 метри на потегот од обиколница до автобуската станица.
Покрај новата пешачка патека со павер елементи ќе се добие ново лед осветлување и холтикултурно уредување кои ќе бидат дел од од ова ново шеталиште.
Ја зголемуваме безбедноста и граѓаните повеќе нема да се движат по улицата.
Со ова решаваме еден голем горчлив проблем на граѓаните од ова населено место кој не бил решен повеќе од 30 години.
Наскоро во ова населено место започнува со изградба и новиот спортско рекреативен центар “Бранители”.
Работиме посветено во интерес на граѓаните!
Извор: Општина Бутел