Општина Гостивар летниот распуст на учениците го користи за подобрување на условите во ОУ „Гоце Делчев“.
Во ова основно училиште во соработка со Министерството за образование и наука се санираат тоалетите на учениците, додека целосното бојадисување на училниците и ходниците се врши со инвестиција на општината.
Инвестициите во основните и средните училишта отсекогаш биле приоритет за општина Гостивар, бидејќи инвестициите во образованието и училишната инфраструктура се инвестиции во иднината.
Извор: Општина Гостивар